Нов парк во Делчево

Во Делчево почна изградба на нов парк на потегот помеѓу новата црква „Св.Кирил и Методи„ и Спортскиот центар на десниот кеј од реката Брегалница.
 

По спроведениот тендер изградбата ја изведува компанијата СД „Транс„ од село Звегор.

Средствата за изградба  во износ од 4.800.000 денари се обезбедени од Швајцарската агенција за развој и од буџетот на локалната самоуправа, по успешно спроведениот Форум во заедницата.

 
Новиот парк ќе биде  партерно и хортикултурно уреден според најсовремените стандарди. Предвидено е да бидат изградени патеки и фонтани, современо осветлување со канделабри, а ќе бидат поставени клупи, корпи за отпадоци и  друга урбана опрема.
07.11.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега