Албанија: Запленети 108 килограми марихуана

 

Грчката полиција на граничниот премин Какавија на грчко-албанската граница заплени 108 килограми албанска марихуана, јави дописникот на МИА.

Според весникот „Шекули“, дрогата заедно со 496 пакетчиња пестициди и 166 шишиња алкохолни пијалаци требало да бидат прошверцувани во Грција.

Тие се откриени од страна на цариниците при контрола на автобус регистриран за меѓународен превоз, кој сообраќал на релација Тирана-Атина. Возачот на автобусот, по потекло од јужниот албански град Ѓирокастро, е уапсен.

Наеодамна албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 280 килограми марихуана, натоварена во камион кој со траек требало да отплови за Италија, каде превзувал друга стока.

06.11.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега