На Шумахер му остануваат уште неколку месеци или неколку години живот
Поранешниот доктор кој работел на шампионатот на Формула 1, Гери Харштајн, изјавил дека на седумкратниот светски шампион во формула, Михаел Шумахер му остануваат од неколку месеци до максимум неколку години живот.
Пред извесно време се слушаа добри вести и гласини за подобрување на неговата состојба, сепак се чини дека сето тоа било лага.
Имаше знаци на подобрување, се предвидуваше бавно закрепнување од повеќе години, но за цело време еднакво постои и ризикот од губење на битката.
Според изјавата на докторот за магазинот Express, на пациентите кои не покажуваат невролошко подобрување, предвидувањата за одржување во живот се максимум неколку години.
-Сите треба да се молат и да се надеваат да биде подобро, но мора да бидат подготвени и на најлошото, порачува Гери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа