Со Робин Вилијамс имавме ист дилер- исповед на Мајк Тајсон
Светски познатиот боксер Мајк Тајсон се отвори за својот живот, односно за борбата со зависност и депресија која го споила со неодамна починатиот актер Робин Вилијамс.
Во отворениот разговор со Хауард Стерн, Тајсон откри дека бил прилично близок со Робин Вилијамс, кој изврши самоубиство во август.
„Ние, луѓето кои се бориме со зависност, често се познаваме,“ вели Мајк и започнува да ја раскажува приказната за запознавањето со Робин и борбата со внатрешните демони.
„Ова е интересно. Се сретнавме на еден од разговорите за одвикнување од зависност и Робин веднаш ми рече - Те чекав! Почна да ме распрашува за дилерот од кој зимав дрога, а јас само си помислив: Како тој го знае дилерот од кој зимам дрога? Тие не ни живеат во иста држава. Но, не бирате средства кога сакате да направите такво нешто. Во овој свет, секој се знае со секого.“
Бившиот боксер разговараше и за трагичната смрт на актерот.
„Тоа е застрашувачки. Кога имате ментална болест размислувате за самоубиство. Тоа е нашата утеха. А кога се одвикнувате од наркотиците, тоа изгледа вака... Замислете да умирате од глад, но во овој случај храната се кокаинот и хероинот. Сега сум чист, но ова е константна борба. Се надевам дека мракот нема повторно да ми тропне на врата.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа