Илоски: Заев се срами од патриотизмот и е крајно лицемерен

Граѓаните на Струга и Кичево се огорчени од изјавите на Зоран Заев дека коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево биле погрешен потег, изјави денеска Ѓоко Илоски , секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга.

-За Заев погрешно е ако народот во Струга се здружи, за да си ги брани сопствените интереси, но не е погрешно ако другите го прават тоа. Како е возможно Заев од една страна да повикува за градење на заеднички консензус на централно ниво, а притоа во општини каде што консензусот помеѓу СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ веќе постои, тој да го урива и да го нарекува погрешен. Тоа е крајно лицемерно, истакна Илоски на денешната прес-конференција.

Според Илкоски, ако Заев се срами од патриотизмот, тогаш тој се срами од своите членови и граѓаните во Струга.

-За Заев погрешно е да си патриот и бранител на сопствената држава и поредок, а  сите оние што ги дадоа животите и гордо застанаа на браникот на нашата татковина Македонија, не смеат да го добијат заслуженото, затоа што не требало да бидат патриоти, не смеело да чувствуваат љубов кон својата татковина, рече Илкоски.

 Илкоски вели дека за време на народната коалиција Заедно за Струга, се функционирало беспрекорно, се додека не се појавил Заев.

  -Го прашуваме раководството на СДСМ во Струга, дали стојат сеуште зад договорот постигнат во пресрет на локалните избори за заеднички настап? Тој одговор го очекуваме и ние, но и граѓаните на Струга кои гласаа за да ги штитиме нивните интереси. Дали тие ќе останат да ги штитат заеднички интересите на граѓаните или пак ќе тргнат по стапките на Заев? Ние сме убедени дека тие ќе останат на правата страна, затоа што се луѓе кои ја сакаат сопствената земја и ниту сега, ниту било кога во иднина ќе поминат ваквите изјави на Заев кои го понижуваат достоинството на стружани и кичевчини, како и на сите граѓани кои и мислат добро на Македонија, рече Илкоски.

најчитано сега