Еболата проголта речиси 5000 животи

Билансот на жртвите на епидемијата на ебола досега достигна 4.951 лице од вкупно 13.567 заразени во осум земји ширум светот, соопшти денеска Светската здравствена организација. 

Во најновите податоци на СЗО забележан е пораст на смртните случаи за 31 во однос на податоците од пред два дена, додека бројот на вкупните случаи на заболени е намален за 136.

Најголем број заболени има во три западноафрикански земји, Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, но забележани се и спорадични случаи во Нигерија и Сенегал, која сега е прогласена за земја без ебола, како и во Шпанија, САД и Мали.

- Либерија е најтешко погодена земја, но може да се забележи пад на ширењето на вирусот, иако целосното спречување на епидемијата не е ниту на повидок, додава СЗО.

31.10.2014 - 20:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега