Боки 13: Ќе удрам јако по сите - никого нема да штедам

Боки 13 периодов наголемо се подготвува за своето прво стенд ап шоу, кое ќе го одржи во Универзалната сала во Скопје.

Станува збор за неколкучасовен спектакл кој ќе го носи името "Путине, здраво", а во него ќе се најдат речиси сите актуелни имиња од светот на шоубизнисот по кои Боки планира јако да удри. 

Ќе ги удрам апсолутно сите, и тоа јако. Никого нема да поштедам",  откри Боки. 

 Инаку, ова не е негов прв обид да се испроба во улога на стенд ап комичар. На хуманитарниот концерт што го организираше пред извесен период за настраданите од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина шоуменот настапи со неколку точки, кои наидоа на поздрави и аплаузи од страна на публиката, која беше фасцинирана од неговиот пристап. 

Не ми е прв пат да застанам на бина и да изведувам вакво нешто. Не знам дали се сеќавате, но на хуманитарниот концерт што го организирав имав свое стенд ап шоу, кое помина одлично. После тоа сите ми зборуваа дека треба да почнам да се занимавам со вакво нешто. И мене лично ми се допаѓа ваквиот начин на анимирање гости. Затоа и решив да ја наполнам Универзалната сала и сите да ги насмеам до солзи|, вели Јовановски за Вечер.

 

Во рамките на шоуто ќе има и специјална гостинка која ќе допатува од Србија. Датумот за одржување се уште не е потврден, а влезниците наскоро ќе бидат пуштени во продажба 

30.10.2014 - 23:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега