Ова е најсмешниот виц на светот
Исмо Леикола од Финска е победник на светското првенство во кажување на шеги и вицови одржано во Лас Вегас. Тој минатата седмица ја добил наградата најдуховит и најсмешен човек на светот, која ја доделува холивудската "Фабрика на смеата".
Вицот кој му ја донел титулата ги освоил сите присутни во публиката. Сите се смееле гласно и искрено откако го слушнале. Второто место го освоил Сад Харун од Пакистан, додека третата награда му припаднала на Мустафи ел Атраси од Франција.
"Не си должат државите едни на други. Државите им должат на банките. А доколку државите им должат на банките, многу се глупави што им плаќаат. Државите имаат војска, банките имаат четири касиери и чистачка".
Ова е вицот кој на Финецот му го донел првото место. Иако можеби не е добар како повеќето македонски вицови, проценете дали ја заслужил првата награда.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа