ФОТО: Се огласи возачот кој остави четири семејства без деца

 

Турскиот државјанин кој зави четири семејства во црно, 56-годишниот Ер Ислам, на сослушувањето во полиција изјавил дека не бил тој виновен за несреќата. Како што пренесува српскиот Курир, тој изјавил дека е искусен возач кој целиот живот патува со камион, па добро ги знае сите патишта. Вели дека возел со брзина помеѓу 65 и 70 километри на час.

- Видов автомобил во бела боја, одеше те на лево, те на десно. Влегов во левата лента за да им ослободам пат, и тогаш се случи сударот, вели тој.

Кога излегол од автомобилот затекнал ужасна слика.

- Една девојка падна од автомобилот, даваше знаци на живот па ја покрив со ќебе. Другите без во автомобилот, а колку што видов, никој не беше со појас, вели тој.

Инаку, според најновите податоци на српските медиуми, возачот задремал во неговиот камион и преминал во другата лента, по што директно се судрил со автомомобилот „рено клио“ во кое имало три момчиња и две девојки. На самото место загинале три момчиња и една девојка, а друга се уште се бори за живот.

30.10.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега