Демократски и транспарентни парламентарни избори во Украина
Предвремените парламентарни избори во Украина беа демократски, транспарентни и добро организирани, изјави денеска претседателот на Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Илка Канерва.
- Ги поздравувам властите и граѓаните на Украина за добро организираните, транспарентни избори, што се одржаа во мирна атмосфера. Набљудувачите од ОБСЕ присуствуваа на изборите, кои во целина одговараа на демократските стандарди на земјата, која и натаму се наоѓа под притисокот на кризата, посочи Канерва.
Според него, како што јави ТАСС, Украина сега „треба да изврши огромна преобразба за да го заземе своето место меѓу европските нации“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа