„Оженете се со проститутката за да избегнете казна“

 

Закон на кој му се смее целиот свет предложија пратениците во Санкт Петербург. Истиот предвидува строги казни за клиентите на проститутките, но ќе им биде простено доколку се согласат да се оженат со нив.

 

„Раша Тудеј“ објави дека пратениците во вториот град по големина во Русија, Санкт Петербург, донесоа нацрт закон кој предвидува строги казни за оние кои користат услуги на проститутките, но ќе можат да ги избегнат доколку клиентот се согласи да се ожени со нив.

Инијативата потекнува од Олга Галкина, која ја претставува бизнис-ориентираната партија Граѓанска платформа во законодавниот дом во Санкт Петербург. Таа истакна дека нејзиниот предлог  е одговор на неодамнешната иницијатива на Виталиј Милонов, проституцијата да стане кривично дело. Милонов е познат по своите анти геј ставови и други кампањи на работ на христијанскиот фундаментализам.

Во интевју за бизнис весникот „Комерсант- Санкт Петербург“, Галкина рекла дека сака да ја промени висината на казната, од 4.000 на 10.000 рубљи (95 – 240$) или до пет дена затвор за купување сексуални услуги. Ако клиентот знае дека проститутките се принудени на таа работа, казната се зголемува на 50 до 100.000 рубљи (1200 – 2380$), како и казна затвор до 10 или 15 дена. Нацрт законот, исто така предвидува странските државјани да бидат депортирани штом ќе ја платат казната или ќе одлежат затвор.

Најинтересниот дел од предлогот е можноста клиентите да ја избегнат казната ако „се оженат со личноста која им пружила сексуални услуги“.

Во објаснувањето на предлогот, Галкина ги навела меѓународните искуства според кои, фактот дека клиентите ќе ја сносат одговорноста за тоа што тие го направиле ќе ја намали стапката на проституија во Финска, Норвешка, Шведска и Исланд.

Ако пратениците во Санкт Петербург го изгласаат законот во два круга, тој ќе биде испратен до Федералниот парламент и постои можност да стане закон кој ќе важи во цела Русија.

Експертите велат да, додека целта на законот е добра, во реалниот живот може да дојде до потешкотии во неговото спроведување, бидејќи е тешко да се соберат докази за такво дело.

Во интевју за бизнис весникот „Комерсант- Санкт Петербург“, Галкина додава дека се заложила за легализација на проституцијата и направила нацрт на контроверзниот закон како би поттикнала јавна дискусија на тоа прашање.

29.10.2014 - 16:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега