„Жена ти е ку*ва Платини" одекнуваше во Тетово

Во Тетово се уште се протестира за одлука што се однесува на друга држава, на Албанија, па на дуелот меѓу Шкендија и Металург попладнево се скандираше против УЕФА, против Србија, а беше спомнат и Мишел Платини, секако во негативен контекст.

„Жена ти е к.рва Платини“ оддекнуваше од трибините во Тетово, а се слушна и веќе препознатливиот рефрен „УЕФА мафија“. Навивачите на Шкендија протестираат против одлуката на УЕФА, Албанија службено да го загуби квалификацискиот дуел против Србија со 0-3, поради инцидентот со беспилотното летало во Белград со кое беше истакнато знамето на Голема Албанија.

Казната од УЕФА е службен пораз за Албанија и парична казна од 100 илјади евра, а и Србија ќе плати идентична сума на пари, а одземени и се три бода.

29.10.2014 - 16:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега