ФОТО: Девојче родено со половина срце

 

Скарлет Краутер е девојчето кое што е родено со ретка конгенитална болест, односно има само половина срце. Докторите и дале 50% шанса за живот, а таа ги побила сите негативни предвидувања на докторскиот тим којшто ја лекувал. 

Таа била оперирана по петиот ден од породувањето. Сега има 9 месеци и е сосема здраво и среќно бебе. 

-Таа е мое чудо од бебе. Скарлет ме научи дека човек никогаш не тереба да губи верба во себе, вели мајка и Ребека.

Ребека била убедувана од докторите кои ја терале да абортира. Таа вели дека отсекогаш знаеле дека ќе има здраво бебенце и во ниту еден момент не се посомневала за тоа дали треба да абортира. Докторите успеале да и вградат цевче во срцето на Скарлет кое било идеална замена за аретеријата која и носи крв во срцето. Таа денеска се развива сосема нормално.

 

ФОТО: Курир

најчитано сега