ФОТО: Убиеното момче преместувано по смртта - сакале да изгледа како самоубиство

Семејството, другарите и роднините се простија од осумнаесетгодишниот Тимотиј Коциќ од село Липовица, кој пред два дена со пиштол беше убиен од страна на неговиот другар Н.З.(17).

Според српските медиуми, покрај ковчегот скршена од болка стоела мајката Данијела, таткото Саша, братото Самјуел, бабата Зора и дедото Драги. Таткото бил видно потресен од гласините за наводното убиство на неговиот син.

-Од тоа се плашев. Немојте по втор пат да му го убивате детето - вели скршениот татко.

Другарите на Тимотиј се огорчени поради неговото убиство.

-Беше прекрасен другар, многу добродушен. Сите му зборувавме да не се дружи со нив зошто се проблематични. И сега по се што се случи, се обидуваат да ја превртат вистината за страдањето на нашиот Тими, дека го уби Н.З. - вели девојка која не верува во новата приказна дека момчето се самоубило.

Бобан Н. близок роднина на убиениот вели дека истрагата утврдила дека Тимотиј е помрднуван, иако обилно крварел.

-Знаеме како се се случило. Знаеме и дека се обиделе да му стават пиштол во рака за да изгледа како да се убил. Но како е можно сам да се убие во грб, зошто тоа му е единствената влезна рана, вели роднина.

29.10.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега