Полицајците шокирани - нема да верувате каков повик добиле

Постојат стотици приказни за луѓе кои се јавуваат во полиција поради погрешно нарачан сендвич, но оваа има специфична приказна.

Оператор од 911, полицискиот број во Америка раскажал едно од своите најчудни искуства посочувајќи дека никогаш нема да го заборави.

Погледнете го транскриптот од разговорот за кој операторот вели дека започнал „глупаво, но завршил многу сериозно“.

-911, кој е Вашиот итен случај?

-Улица 123

-Ок, што се случува на таа адреса

-Би сакала да нарачам пица

-Госпоѓо, добивте 911

-Да, знам. Дали може да добијам голема пица, но половина да биде пеперони, а на втората половина пеперони и печурки?

-Хмм.. Жал ми е , знаете ли дека повикавте 911?

-Да, дали знаете колку долго време ќе ви треба да дојдете?

-Ок, госпоѓо, дали е се во ред кај Вас? Дали сте во опасност?

-Да, сум.

-и не можете да зборувате бидејќи некој е со Вас во собата? (моментот во кој операторот сфатил за што се работи)

-Да, тоа е точно. Дали знаете колку време Ви треба да за дојдете?

-Имам полицајци недалеку од Вашата локација. Дали има оружје во Вашата куќа во моментот?

-Не

-Дали може да останете на врска со мене?

-Не можам. Се гледаме наскоро. Благодарам.

Операторот објанил подоцна. „Кога ја прекинав врската, ја проверив историјата на повици од таа адреса и видов многу повици во изминатиот период поради исти работи – злоставување. Полицаецот стигна за кратко време и затекла пар, жената малтретирана, а момчето пијано. Полицаецот го уапсила откако девојката објаснила дека момчето ја тепа веќе подолго време. Помислив дека е паметна и се послужила со добар трик. Ова беше дефинитивно највпечатлив повик“, вели операторот.

26.10.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега