Ни Жерновски ни граѓаните не попуштаат - пред Центар тензично
Тензична е атмосферата пред општина Центар. Градоначлникот Жерновски и советничката група на СДСМ не се откажуваат од намерата денеска да се одржи седницата на која ќе го поништат урбанистичкиот план и црквата Свети Константин и Елена ќе ја прогласат за дивоградба. Постојано се најавува дека седницата ќе започне поради што граѓаните седат во дворот на општината а постојано расте и нивниот број. Тие барат да се продолжи со изградбата на црквата пред Домот на АРМ и да не се менува урбанистичкиот план.