Катанец и обезбедување го “бранат“ Жерновски од граѓаните

 

-Соочен со револтот на народот кој протестира против обидот на Жерновски да го спречи градењето на црквата „Свети Константин и Елена“, градоначалникот на Центар се заклучи во општинските бараки, пишува порталот Курир.

Иако Жерновски изјави дека ќе го сопре градењето на сите објекти во општина Центар, по вчерашните протести на граѓаните, изјави дека не планира да го спречи градењето на „Св. Константин и Елена“, објавува Курир. Но, потсетува порталот, во самите документи пишува дека со измените кои ги посакува Жерновски треба да се врати тревната површина, а единствена тревна површина од парцелите е местото на кое се гради Црквата.

Граѓаните кои денеска протестираат истакнале дека Жерновски ќе се соочи со гневот на народот доколку продолжи со ова, како што велат, своеглаво, неморално и незаконско однесување, пренесува Курир.

-Ако продолжи со обидите да ја спречи градбата на Црквата на Жерновски ќе му се случи Таксим, изјавиле присутни на протестот за порталот.

Очевидците за Курир информирале дека пред вратата од општинската барака која е затворена со катанец, има приватно обезбедување од поголем број на лица.

најчитано сега