Спасено срцето на предвреме роденото скопјанче
Спасено срцето на предвреме родено бебе со тешка срцева маана, кое имало само 1.700 грама. Според порталот Здравство24, тимот на американски и европски кардиохирурзи кој од понеделникот престојува во Македонија, го спасиле животот на ова скопјанче.
Од Клиниката за детски болести за Здравство 24 информирале дека бебенцето е во добра здравствена состојба и наскоро се очекува да биде префрлено од Детска хирургија на Клиниката за детски болести. Во моментов бебето е под надзор на експертскиот тим.
Ваквите интервенции, на многу мали бебиња не е вообичаена пракса, пишува порталот. Но, скопјанчето имало среќа и успешно се опоравува од операцијата траела 4 до 5 часа. Според информациите на Здравство24, покрај ова бебенце, овие 4 дена, тимот од странски кардиохирурзи спасиле уште 5 бебиња и деца кои имале тешки вродени срцеви маани.
-Во сабота ќе пристигне и американскиот “Др – Хаус” кој пред два месеци направи 10 успешни кардиохируршки интервенции. Во операционата сала постојано присуствуваат и македонски лекари кои за три години ќе треба да почнат сами да прават вакви операции. Пред да стартува проектот со американските кардиохирурзи, бебињата со тешки срцеви маани мораа да ги транспортираат на операции во странство, најголем број во Бугарија. Само една ваква интервенција чини околу 15 000 евра, пишува Здравство 24.