Најмалку 20 загинати во израелски напади на појасот Газа

 

Најмалку 20 луѓе се убиени во два израелски напада во Појасот Газа во изминатото дененоќие, објавија палестинските медиуми.

Новинската агенција ВАФА соопшти дека 11 лица, меѓу кои и двајца малолетници, загинале во напад со беспилотно летало во текот на ноќта врз куќа во населбата Тел Ал-Затар во северна Газа.

Во вториот инцидент, пак, загинале 10 лица кога израелски борбен авион бомбардирал семеен дом во Бани Сухаила, град источно од Кан Јунис, на југот на појасот.

Засега нема потврда од Израел за овие палестински тврдења. Израелската војска соопшти дека ќе ги истражи извештаите

18.04.2025 - 13:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега