Ед Ширан, Деми Мур и Снуп Дог меѓу 100-те највлијателни луѓе за 2025 година

 

Британскиот пејач Ед Ширан, ѕвездата на корејскиот состав „Блекпинк“ – Розе, како и хип-хоп легендата Снуп Дог, кои се најдоа на престижната листа на највлијателни луѓе во светот за 2025 година.

На листата, која секоја година вклучува сто личности што со своето делување го менуваат светот, оваа година се најдоа и музичари како Хозиер и Никол Шерзингер, актери како Адам Скот, Кристен Бел, Деми Мур, Адријен Броуди и Блејк Лајвли, но и спортисти, политичари, уметници и иноватори од различни области.

Покрај славните имиња од светот на забавата, на листата се вклучени и спортистките Серена Вилијамс и Симон Бајлс, како и политичките фигури Доналд Трамп, потпретседателот Џеј Ди Венс, Роберт Кенеди помладиот и Илон Маск.

18.04.2025 - 13:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега