Делегација на Парламентарното собрание на НАТО денеска во Македонија

 

Делегација на Комисијата за цивилна димензија на безбедноста од Парламентарното собрание на НАТО, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија. 

Членовите на делегацијата ќе остварат средбу со потретседателката на Собранието Светлана Јакимовска, а потоа ќе се сретнат и со членовите на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), членовите на Комисијата за одбрана и безбедност и на Комисијата за надворешна политика.

најчитано сега