НОВ ПРОЕКТ: Некст Тајм ќе ги отпеат неиспеаните македонски народни песни

Близнаците Мартин и Стефан од Некст Тајм периодов се затворени во студио каде работат на нов материјал што наскоро  планираат да и го презентираат на јавноста.

Станува збор за проект кој ќе биде составен од македонски народни песни кои никогаш досега не биле испеани, пренесува Вечер.

-Планираме да снимиме и спот за синглот кој прв ќе го пуштиме. Во вакво издание никој досега не нема видено. Пред пет години ја снимивме песната „Caruso“, но верувајте ова е нешто што е многу подобро од неа“, изјави  Мартин за Вечер.

 Покрај овој прокет, Некст Тајм неодамна го објавија и синглот на српски јазик „Никад никад не умире“. На 23 месецов ќе имаат промоција во Белград, а поддршка за пробивање на српски пазар имаат од Боки 13 кој ги спои со Марина Туцаковиќ, која се потпишува како автор на песната.

15.10.2014 - 14:56


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа