Зимата нов предизвик за ЕВН Македонија

ЕВН Македонија ги заврши подготовките за претстојната грејна сезона и е подготвена за предизвиците кои ги носи зимата. Сигурното и навремено снабдување на корисниците со електрична енергија е главната цел на компанијата. Затоа севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции.  Целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција, а за полесно справување со зимата направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава.

Од почетокот на годината досега направена е инспекција на 13.000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.000  трафостаници во земјава. Направена е интервенција на сите забележани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 120 км среднонапонска и на 110 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.700 делумно оштетени столбови.

Коригирано е заземјувањето на 170 столбa од среднонапонската мрежа и на 30 трафостаници ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се и сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа. Годинава е изградена нова надземна и подземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во вкупна должина од 140 км.

ЕВН на располагање ги става и специјализирани возила за зимски услови и возилата за специфични интервенции, мерни коли за лоцирање дефекти и друга опрема кои ќе бидат распоредени низ сите поголеми центри во земјава со што на располагање е ставена целата механизација. Околу 50 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции после работното време, а уште 650 може дополнително да се ангажираат.

Се’ е подготвено за успешно справување со предизвиците на зимата но останува и натаму апелот за рационално користење на енеријата и за заедничко делување против крадците на електричната енергија.

15.10.2014 - 13:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега