Туна, Аделина и Ермира Мехмети се огласија по инцидентот во Белград

Инцидентите кои вчеравечер се случија на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија, на друштвените мрежи ги коментираа и пратеничката Ермира Мехмети како и албанските пејачки Аделина Тахири и Туна Сејдиу.

Тие го поздравија веењето на знамето на Голема Албанија над стадионот во Белград.

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, на фан-страната на Лорик Цана, капитен на репрезентацијата на Албанија, напиша коментар: „Најубавото знаме на светот“, а прејачката Аделина Тахири, пак, на својот профил на „Инстаграм“ напиша дека посакува таа да стоеше зад делото во кое се виореше знамето на Голема Албанија.

- Немој да се задеваш со нас – напиша Туна, која го поздрави со „браво“ потегот на еден од репрезентативците на Албанија кога удира навивач на Србија.

15.10.2014 - 12:16


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа