ФОТО: Фатен малолетник кој рибарел со подводна пушка

Еден малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. 

Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метри од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов.

По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор.

Неодамна, во акциска патролна контрола во ноќните часови, полициските службеници кај малата плажа- вила ,,Билјана,, пронајдоа и одзедоа една рибарска мрежа со должина од околу 50 метри и димензии на окца 60x60мм со улов од осумнаесет парчиња риба- десет парчиња охридски крап со вкупна тежина од 9,5 килограми и осум парчиња клен со вкупна тежина од осум килограми.

 

15.10.2014 - 11:09


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа