Што напишаа медиумите во Грција и Црна Гора за инцидентот во Белград?

Знамето на „голема Албанија“ направи хаос на стадионот во Партизан. 

Грчка агенција „АНА-МПА“ површно известувала за случувањата на стадионот Партизан. Објавиле само дека е прекинат натпреварот поради знаме на кое била претставена „голема Албанија“ и дека е приведен Оли Рама.

Новаспорт.гр случувањата ги пренеле на следниов начин: За време на натпреварот, летало се појави на теренот, а на него висело знаме на „голема Албанија“ која ги разлути Србите, што довело до неред на теренот и надвор од него.

На Енет.гр веста за случувањата во Белград била повеќе читана од натпреварот Грција-Северна Ирска (0:2), додека пак Антена не ја објаснила најпрецизно ситуацијата на теренот, пренела само дека станува збор за знаме со „силуетата на Косово“.

 Црногорска „Победа“ пренела дека натпреварот бил прекинат кога над теренот се појавило летело со албанско знаме, додека пак „Вести“ подетално го објасниле инцидентот:

„На преполниот стадион во еден момент летало со знаме на „голема Албанија“ влетало на стадионот, наеднаш настанал хаос. А кога леталото се симна доволно ниско него го фати репрезентативецот на Србија Стефан Митровиќ.

15.10.2014 - 10:28


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа