Невработените и работодавачите “лице во лице“- прв Саем за вработување

Илјадници луѓе кои бараат работа денес се сретнаа со компаниите кои бараат работна сила. Во СЦ „Борис Трајковски“ беше отворен првиот саем за вработување организиран од АВРМ и УСАИД.

Невработените имаат можност да посетат штандови на повеќе од 80 работодавачи и директно со нив да поразговараат за можностите. Овој настан е и дел од владината програма за намалување на невработеноста.

Саемот за вработување го отвори вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

-Добро е познато дека во изминативе 6 години невработеноста во Македонија се намали од 38, за во последниве 18 години рекордно ниско ниво од 28,2 отсто. Тоа е една од најважните определби во работата на Владата. Вакви саеми ќе бидат организирани низ цела Македонија, ова е еден од вкупните 8. Веруваме дека ваквите настани, но се разбира во содејствие со останатите политики на Владата за намалување на невработеноста, че продолжат да ги даваат позитивните резултати и дека се поголем број на особено млади луѓе, но и оние кои подолго време се невработени, ќе успеат да најдат работно место, истакна Пешевски.

-Изминатиов период бевме активно посветени и за организација на Форумот за работодавачи и на Форумите за млади на кои исто така се презентираат и активните мерки и политики за вработување кои што ги реализираме заедно со Агенцијата за вработување, кои даваат и финансиска поддршка на приватните компании меѓутоа и исто така го стимулираат и вработувањето на невработените лица. Од особено значење е и електронскиот пазар на труд, односно новиот портал на АВРМ, истакна Спасов.

14.10.2014 - 11:33
Фото: 
курир


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега