Повторно се огласи хирургот кој фотографираше пациент со нож во градите

Ги повикувам сите кои плукаат по мене барем една вечер да поминат со мене во болницата. Или ќе побегнат, или до утрото ќе полудат, трето нема. Ова за српскиот Блиц го изјавува хирургот од Србија, Един Мутевелиќ кој предизвика лавина негативни коментари по фотографијата од негов пациент со нож во градите која ја објави на социјалната мрежа Фејсбук.

Хирургот додава дека повторно би направил таква фотографија и би ја ставил на социјалните мрежи. 

За потсетување, фотографијата од пациент кој лежи облеан во крв со нож во градите го згрози Балканот.

11.10.2014 - 10:39


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега