Откриена причината поради која ќерката на Џексон пробала да се самоубие

15-годишната Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, синоќа се обиде да се самоубие. Тинејџерката се предозирала со наркотици, а потоа и пробала да си ги исече вените по што веднаш била пренесена и задржана во болница.

Причината поради која младата Парис решила да си го одземе животот е тагата која ја чувствувала на само неколку денови пред да се одбележи 4-годишнината од смртта на нејзиниот татко, Мајкл Џексон.

Таа била депресивна и поради тоа што полагала завршни испити на училиште, а била и под стрес поради 4-годишнината од смртта на татка си.

Исто така, ќерката на Џексон била лута и бидејќи не и било дозволено да оди на концерт на Мерлин Менсон, па се затворила во својата соба и буквално урлала.