Жерновски: ВМРО-ДПМНЕ ми организира протести
Синхронизираноста и таканареченото спонтано собирање на луѓе кои протестираат против носење на одлуки на Советот на општина Центар, јасно покажува дека зад ова стои владеачката партија.
Истата таа владеачка структура, добро знае дека пред месец дена загубија три пати во Центар, што значи жителите се против нивните политики кои до сега ги спроведуваа во општината.
Прозирно и неодговорно е што се манипулира со најинтимните и најранливите чувства, верските и односот кон децата. Недозволиво е од партијата на власт да ги инструментализира овие чувства.
Инаку сите акти на Градоначалникот и на Советот се во правец на враќање на законитоста. Претходното раководство на општина Центар носеа одлуки кои беа противуставни и спротивни на интересите на граѓаните.
Ревизијата се прави, и ќе се прави за да се врати правниот поредок.
(Интегрален текст од реакција на општина Центар)