Кардиологот Борче Петровски и претходно бил осомничен за криминал

Вчерашното апсење во Косово на познатиот скопски кардиолог и поранешен директор на Клиниката за кадриологија во Скопје назначен од страна на СДСМ, д-р Борче Петровски, кој од косовските власти  заедно со уште 8 доктори и вработени во Министерството за здравство на Косово, се сомничат за учество во криминална група за давање и примање на поткуп и злоупотреба на службените овластувања, привлече огромно внимание кај македонските медиуми. Како што пишува Курир, ова не е прв пат кардиологот Борче Петровски да се сомничи за криминал. Македонската јавност беше запознаена со неговото апсење во 2007 година, при претходно распишана потерница од страна на МВР за сомнение за сторен криминал тежок 2 милиони денари во периодот кога директорувал со Клиниката за кардиологија, од 2004 до 2006 година. Тогаш, Петровски се товареше за лекување на 12 странски пациенти од Косови и Албанија, спротивно на правилата односно без уплатен аванс на пациентите за лекувањето, како и за набавка на 100 неупотребливи стентови од веледрогеријата „д-р Пановски“, која што во јавноста е позната по добивањето на тендери од страна на сегашниот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов, додека тој бил претседател на второстепената владина комисија за јавни набавки.

Исто така, во тој период Петровски заработи и кривична пријава поради сомнение дека во 2000 година вградил три стента на пациентка од Ресен, чија што здравствена состојба се влошила по шест години, каде подоцна на друга клиника било утврдено дека стентови воопшто не и биле вградени. Петровски, во тој случај од пацинетката и нејзиниот сопруг за оваа услуга наплатил по 1000 германски марки за стент, односно вкупно 3000 гермнаски кои му биле дадени на рака. Дополнително, по операцијата, Петровски од сопругот на пациентката побарал уште 250 германски марки, како што рекол тогаш, за честење на персоналот.

За време на судските процеси против Борче Петровски, како негов адвокат се појавува Драган Малинковски, кој на јавноста и е познат преку ангажманот како ревизор за проектот Скопје 2014 во Општина Центар,  ангажиран токму од страна на Андреј Жерновски. 

10.10.2014 - 14:05


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега