Американка сама се породила на автопат - водењакот го пукнала со нокт

 

39-годишна Американка успеала сама да се породи на среде автопат.

Се работи за 39-годишната Линет Халес која била заедно со својот семеен пријател Џим Гербер додека нејзиниот сопруг бил дома. Гербер возел со 160 километри на час за да стасаат во болница за да не се искомпликува нешто при пораѓајот на неговата пријателка.

Едното од близначињата кои ги носела Линет кога се родило не дишело, но успеале да го спасат, а другото се родило без проблеми. Инаку, Американката добила контракции три месеци пред нејзиниот термин. 

- Старшно беше. Се породив на среде автопат чекајќи ја брзата помош. Морав сама да си го пукнам водењакот со нокт, вели мајката.

 

најчитано сега