Косово предлага формирање суд за воени злосторства
Пред Косовскиот Парламент многу брзо ќе се најде предлогот на Демократската партија на Косово за формирање на домашен суд кој ќе суди за воени злосторства направени во Косово.
Пратеникот на ПДК Куртан Кајтазие изјави дека формирањето на таквиот трибунал е неопходен бидејќи следната година престанува мандатот на ЕУЛЕКС. Неговиот предлог е поддржан и од другите парламентарни партии.
Иницијативите за повторно разгледување на мандатот на ЕУЛЕКС станаа актуелни по последното апсење на поранешните команданти на поранешната Ослободителна војска на Косово.
ФОТО: А1.он