Ја исфрлиле од матурската прослава поради длабокото деколте

Матурантка од Вашингтон била исфрлена од матурската прослава откако и било кажано да стави нешто во пределот на градите за да го покрие длабогото деколте, но таа одбила.

Се работи за Американката Британи Мајндерз која на сопствената матурска прослава дошла со предлабоко деколте, што очигледно не им се допаднало на  присутните. Девојчето го шиело својот фустан за матурата и едвај чекало да дојде денот кога треба да го облече, но очигледно се и тргнало наопаку.

Кога Американката се појавила на прославата и било кажано дека не може да влезе со длабокото деколте и дека ќе треба со нешто да го затскрие. Такви биле правилета - девојките не смееле да ностат фистани кои откриваат повеќе отколку што треба.

Девојчето одбило да го направи тоа што било побарано од неа па била исфрлена од матурската прослава.

Сега нејзините родители бараат извинување од одговорните во училиштето кои и ја уништиле вечерта која требала да и биде најубава во животот на Британи.