Грчкото МНР го затвори случајот со “непожелната“ новинарка на „Дневник“

 

За грчкото Министерство за надворешни работи, затворен е случајот со прогласување на новинарката на „Дневник“, Ивана Костовска за непожелна личност во Грција, објавува Дневник. 

Константинос Кутрас, портпаролот на грчкото МНР, изјавил дека шефот на грччката канцеларија за врски во Скопје, Лалакос и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски вчера оствариле средба на која се зборувало за   случајот со забрана за влез во Грција на Костовска. Лалакос, објаснил Кутрас, изразил незадоволство поради „размерите што ги опфаќа во соседната земја едно прашање кое се однесува исклучиво на грчката внатрешна регулатива“. 

-Со оглед на состанокот и комуникацијата меѓу шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос и неговиот колега Никола Попоски, прашањето се смета за затворено, стои во соопштението од грчкото Министерство за надворешни работи, пренесува Дневник.

 ФОТО: Макфакс

најчитано сега