ФОТО: Бегалка од Босна стана министерка во Шведска

На возраст од само 5 години, сега 27-годишната Аида Хаџиалич со родителите избегала од родната Фоча и заминала во Шведска, каде нејзините родители започнале да работат и да си создаваат нов живот, а таа тргнала на училиште.

 

-Ја  оставивме куќата, роднините и пријателите. Едвај собравме пари за да одиме во Шведска – напишала на својот блог, Аида Хаџиалич (27). Шведскиот модел на социјална помош, кој на моето семејство и мене ни подари нова шанса, влијаеше на тоа подоцна да станам социјален демократ. Верувам во идејата за помагање на другите и сакам да и се оддолжам на заедницата за се што ми пружила- рекла Аида Хаџиалич за шведски „Афтонбладет“ .

 

На свои 16 години се вклучила во политиката, после убиството на шведската политичарка Ана Линд, која ја уби Михајло Мијаиловиќ (35), Швеѓанец со српско потекло.

Иако имала тежок период кога се иселила од родниот крај, Аида на возраст од само 23 години се приклучила на Шведската Социјалдемократка унија, а после стекнатата диплома на правник, станала заменик на градоначалникот на Халмстад.

Сега и е доверено Министерството за образование во новата влада која минатата недела ја претстави шведскиот премиер Стефан Лефвен.

 

- Мислам дека добро ќе ја извршувам својата работа. Околу мене е сјаен тим на луѓе. Драго ми е што премиерот ги препознал моите вештини и искуство. Се надевам дека нема да го разочарам, изјавила Аида.

 

Таа е најмладата министерка во шведската историја.

06.10.2014 - 10:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега