ИСТРАЖУВАЊЕТО ДОКАЖА: GMO храната не влијае на здравјето на животните!

Гледано во глобални размери, животните кои ја произведуваат храната, трошат меѓу 70 и 90 проценти од генетски модифицираната храна од растенија, а преку 95% од тие животни се хранат со ГМО храна.

Едно истражување спроведено од податоците собрани во периодот од 29 години, од 193 до 2011 година, покажало дека нема разлика во здравствената состојба или продуктивноста меѓу животните кои се хранат со ГМО и животните кои не се хранат со ГМО храна, се наведува во истражувањето објавено во американското списание Journal od Animal Science.

 

Студијата покажала: Нема негативни последици

Податоците собрани во периодот од 29 години поврзани со 100 милијарди животни, не покажале на негативни последици со воведувањето на ГМО животинската храна, а досега нема истражување кое би покажало како животинските производи кои потекнуваат од животни кои се хранат со ГМО храна имаат нужна нутритивна вредност.

Во САД годишно имаме преку девет милијарди животни кои произведуваат храна, а преку 95% од тие животни се хранат со ГМО храна, се наведува во истражувањето а Ван Еенинаам и Јанг. Со ова се докажало дека речиси сите животни во САД се хранат со ГМО храна.

ДНК и протеините се разградуваат, нема опасност од рак

Со оглед на тоа дека ДНК и протеините од растенијата се нормални состојки во исхраната која се произведува, во млекото, месото, или јајцата на животните хранети со ГМО храна, не постојат видливи или мерливи траги на GE компоненти во наведените животински производи.

Авторите предупредуваат дека глобалната трговија со животинска храна, во добар дел е подготвена со култивирање на генетски модифицирани посеви во некои земји, па оттука во некои земји и не е зачудење што истата од време на време станува се поскапа.

 

ВИСТИНАТА – ГМО храната е храна која убива!

Денеска се наоѓаме на голема раскрсница, каде се одлучува дали човештвото ќе се развива во слободно или во ГМО колонизација на ропство. Дали човековата судбина, односно судбината на нашите потомци е во нашите раце и поради тоа е многу важно да се информираме и да направиме се што е во наша моќ за да го спречиме продорот на ГМО храна која е сериозна закана не само на луѓето туку и растенијата и животните на планетава.

ГМО е голема закана за нашата цивилизација и опстанокот на биолошките видови на планетата од неколку причини:

-Предизвикува стерилитет кај луѓето и животните, кои ја јадат и го загрозува опстанокот на човештвото.

-Го контаминира човечкиот ген и доведува до можна мутација

-Предизвикува многубројни болести, меѓу останато и рак и некои аутоимуни болести

-Предизвикува еколошка катастрофа, ги уништува атохтоните билки и инсекти и пестициди кои се користат во ГМО кои предизвикуваат земјата да биде неплодна.

ГМО семето е стерилно, патентирано и доведува до зависничко ропство и економски колапс на земјата во која се одгледува.

Многу од нас не знаат што е ГМО, па најпрво да кажеме нешто околу тоа. ГМО не е хибрид, кој настанува со мешање на билките од ист вид, што може да се случи и природно, туку со мешање на гените на животните и билките. Се мешаат гени на жабам бактерии, луѓе... со билки, со цел да бидат истите поиздржливи. Гените на рибите од северните мориња се мешаат со доматите, со цел да доматите би можеле да растат и на ладно или пак случајот со човечки гени кои се соединуваат со оризот. Пример е доматот кој мириса на риба, кој веќе го имаме на нашите простори.

ГМО не може да настане природно, па нашиот организам го препознава како странско тело и реагира со создавање на антитела што доведува до аутоимуни болести. Имено, кога новиот ген ќе се спои со ген на некоја билка, резултатот е продукција на нов протеин, кој е целосно нов во човековата исхрана, така што нашето тело ќе продуцира антитела кој ќе се борат против странските протеини.

Како гените од ГМ билките имплементираат во ткиво на она кое ја јаде таквата храна, антителата го напаѓаат сопствениот организам, и резултатите би можеле да бидат заболувања од голем број на аутоимуни болести.

 

Произведувачите на ГМО инсистираат дека ГМО производите се квалитетни

Зарем навистина тоа би го направиле, ГМО храната да биде здрава и сигурна? Голем број на научници во свеот, вознемирени со играњето на БОГ од страна на неколку лица, во продукцијата на ГМО храната, спровеле неколку истражувања за нејзината штетност по човекот и околината. Резултатите биле повеќе од шокирачки. Германски научници пронашле фрагменти на генетски модифицирана ДНК во мозокот на новороденчињата кај бебињата глувчиња, кои биле хранети со ГМО храна.

Деловите на генетски модифицираната ДНК се пронајдени во крвта, слезината, бубрезите и црниот дроб, кај оние кои што биле хранети со ГМО пченка. Резултатите јасно покажуваат дека ГМО храната по човековото здравје и воопшто по човечкиот вид, можат да бидат несогледливи. Професорот Арпад Пусзтаи од Ровет институтот во Шкотска во 1999 година заклучува во својата опсежна студија дека сите животни хранети со генетски модифицирана храна, заболуваат аутоимуни и други болести.

Студијата на професорот Алексиј Суров член на руската академија и наука и националниот сојуз за генетска сигурност во 2010 година покажува дека глувците кои биле хранети со ГМО храна во третата генерација ќе станат стерилни. Тоа во принцип значи дека нашите внуци ќе бидат стерилни, доколку ние и нашите деца јадеме ГМО храна! Дали сваќаме за каква сериозна опасност овдека се работи? Ова е прашање на опстанок на нас и нашите деца!

Студијата на професор Гилес Сералиниа, професор на молекуларна биологија и неговиот тим, на универзитетот Каен во Франција, во септември 2012 година, чии резултати се објавени во „Food and Chemical Toxicology“ – сериозен магазин за токсикологија, е најопсежната и најдетална студија која е направена врз 200 глувци. Глувците имале видливи оштетувања на внатрешните органи, изразен карцином, пореметен имунолошки систем и хормонска рамнотежа, аутимн болести, алергии и многу други болести. Смртноста била зголемена за пет пати во однос на глувците кои биле хранети нормално.

Треба да се спомене дека кинеските научници, во 2011 година, на Нанјинг Универзитетот во ин виво студијата, откриле miRNA ориз кои минува низ ѕидот на цревата и се поврзува со рецепторите на крвните клетки во органите на луѓето, кои го јаделе тој ориз. Компанијата која произведува ГМО, тврди дека ГМО не може да ја помине цревната бариера, нешто што оваа студија го негира. mirRNA ги модулира биолошките процеси на клетките, имунолошкиот систем, одржувањето на идентинтеот на ткивата, а може да дојде и до деактивација на одредени гени, ги програмира клетките да реагираат на наметнат неприроден начин. На овој начин се контаминира на човечкиот ген.

 

Кога јадеме ГМО, стануваме се помали луѓе и се помалку природни, а се повеќе вештачки

Произведувачите ги интересира само да добијат што повеќе на количина и на око здрав плод, па семињата ги имаат модифицирано да содржат инсектицид. БТ-токсин во ГМО делува како инсектицид и го разјадува дигестивниот систем на инсектите, кои умираат додека ги јадат. Но зар ние немаме дигестивни систем, зар немаме желудник?

 Во последно време се создаваат се повеќе болести, кои се манифестираат со крварење и разјадување на желудникот. Очигледна е врската меѓу ГМО храната и овие појави.

Животните инстиктивно знаат дека ГМО е штетен, па никогаш нема да ги видите дивите свињи како конзумираат ГМО пченка.

Освен последиците по здравјето, економските последици по нашата земја би можеле да бидат несогледливи. Семето на овие билки е патентирано (што не се случило никогаш во историјата на човештвото) и стерилно, па не може да донесе нов плод ако го засадиме во наредната година. А доколку не сме послушни нема да ни го продаваат семето и ќе умреме од глад!

 

Со други зборови, со целосната зависност или ГМО неоколонијализмот стануваме робови!

Македонија би изгубила огромен потенцијал за органско производство. Целта на произведувачите на ГМО храната е што потежок плод, поголем и подолг временски период на траење. Нив не ги интересира како производот се продавам затоа што нвната цел е иста како и кај останатите компании, а тоа е профитот и ништо друго. Нив не ги интересира нашето здравје, тие ги перат рацете од последиците. Дали се сеќавте на мирисот на домашен домат? Се повеќе по пазарите налетуваме на гигантско овошје, кое нема мирис, нема семе и е со непријатен вкус. При секоја посета на пазарите, требаме да зборуваме со продавачите, да не купуваме такви производи и со време да се вратиме на старите домашни видови.

 

Да видиме што се случило со Аргентина од кога дозволила одледување на ГМО

Економијата им пропадна. Порасна бројот на гладни од 15 на 47%. Шумите се исечени поради ширењето на ГМО полињата. Бројот на спонтани абортуси е зголемен во однос на просечниот. Водата затворена поради хемикалиите, животните умираат од отровите. Децата се раѓаат без нозе, раце и се целосно парализирани. Ракот се шири низ земјата, и се јавуваат чудни болести. Разните видови на билки исчезнуваат. Земјата 10 годни под ГМО станува стерилна. ГМО компаниите изнајмуваат приватни фирми за осигурување кои ги палат фармите и полињата на малите земјоделци, доколку им застанат на патот.

Во Индија во последните неколку години овој магичен круг на стотина илјади фармери поради зависноста и долговите посегнуваат и по својот живот. Тие го купуваат ГМО семето на кредитим кога годината е сушна, родот е слаб и немаат од што да ги вратат кредитите па 200.000 од нив извршиле самоубиство поради должничкото ропство во периодот од 2007 до 2010 година. По ваквото стравично сознание Индија го забранува ГМО. Со воведување на ГМО би се уништиле нашите автохтони семиња, кои ги извезуваме и по кои сме познати во светот, а голем број на луѓе остануваат без работа. Голем број на извозници на здрава храна стануваат зависни од увозот на храна.

 

Голем број на домаќинства, кои денеска жиеат од земјоделство се уништени. Освен економските и последиците по здравјето, ГМО остава и еколошки последици. Зошто умираат пчелите? Се повеќе научници кои тврдат дека главната причина за исчезнувањето на пчелите се всушност ГМО билките со БТ токсин, кој го уништува метаболимот кај инсектите (и не само инсектите) Пчелите опрашуваат, доклку тие изумрат, сите билки ќе престанат да повторно да се создаваат. Би се уништил цел еден ланец. За да успее ГМО билката таа мора да се запрашува со големо количество на пестицид, кој ја контаминира земјата и ги убива сите останати билки освен ГМО, па така имаме згаснување на инсектите, глистите, органските билки...

ГМО компаниите неточно ги специфицираат своите производи како и биоразградивите, што се по испитувањата во лабораториите се покажале како неточни. Така да нивните „конвенционални“ производи се под знак прашање. Често се појавуваат како Тројански коњ низ таканаречените донации и хуманитарна помош избегнувајќи било каква контрола.

 

Многу митови го пратат ГМО кои денеска се покажале како неточни. Еве некои од нив.

Заговорниците за ГМО храната велат дека преку нејзе се намалува гладдта во светот, што не е точно. ГМО приносите се исти со конвенционалните билки или по неколку години и намалени поради развивање на супер плевел и осиромашување на земјиштето. Во Америка веќе 20 години се произведува ГМО и гладдта не е искоренета. Напротив, во Америка има се повеќе гладни, а никогаш претходно толку болни луѓе.

Велат дека се користат помалку пестициди. И тоа е неточно. ГМО мора да се запрашува со бионераградиви хемикалии, а поседуваат и ген кој лачи токсин. Познат е случајот со судскиот процес во Франција која ГМО компанија е тужена, затоа што лажно го рекламирала својот производ како биоразградив, а анализите потврдиле дека тоа не е точно.

 

Велат ГМО е отпорен на суша. Неточно. Има доста примери во светот, еден од драстичните е Индија

 Ни раскажуваат дека и помага на економијата. Видовме дека е сосема спротивно. Дека предизвикуа економски колапс и сиромашни семејства. Да, помага во економијата, но само на економијата на компаниите, кои произведуваат ГМО.

Тврдат дека ГМО помага во медицината. Сериозните студии на научници ширум светот покажале дека ГМО храната е опасна по животот, така што ниту овие тврдења не се точни.

И уште невистина дека ГМО е услов за STO (Светската Трговска Организација) Последниот пример дека ова е неточно е Русија која е примена во СТО а веќе е загрижена за ГМО на основа на резултатите од истражувањето на француски научници.

Драги пријатели да се здружиме со сите сили да го прекинеме ова зло, кое се обидува да не вовлече и нас. Да го сочуваме нашето потомство! ГМО е прашање на опстанокот на народот!

Ова е перфиден облик на колонизација, погубна по нашето здравје, нашата земја, земјоделство и околина. ГМО го уништува еко системот на планетата!

 

Немојте да дозволите да не можеме да ги погледнеме нашите деца и внуци во очи кога ќе не запрашаат зошто ништо не сме направиле за да ја сочуваме нашата земја, здрава, економски самостојна, и просперитетна. Одговорноста за идните генерации е кај нас.  

03.10.2014 - 13:09

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега