Натпреварот помеѓу Лудогорец и Реал Мадрид повеќе личел на рагби отколку на фудбал

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, синоќешниот натпревар против бугарскиот Лудогорец го спореди со рагби меч, истакнувајќи ја претераната грубост на противничките играчи.

- Добив силен удар. Имам отворена рана. Сериозноста на повредата допрва ќе се види. Тоа беше многу грд потег од страна на бугарскиот играч и во неколку наврати ми се чинеше дека се игра рагби, истакна Роналдо.

Португалецот беше стрелец на еден гол од пенал во победата на неговиот клуб од 2:1, но имаше и еден нереализиран удар од белата точка.

- Никој не е совршен па ниту ние. Не одигравме сјајно, ама ги освоивме бодовите кои не носат чекор поблиску кон следната фаза. И Лудогорец е силен тим, а тоа го покажа и на дуелот со Ливерпул, додаде Роналдо.

По две одиграни кола Реал е лидер во групата Б со максимални 6 бодови, пред Базел и Ливерпул кои собраа по 3 бода, додека Лудогорец е се уште без освоен бод. 

02.10.2014 - 16:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега