Димовски: Треба максимално да се вложиме за позитивен резултат

Шампионот Металург ќе се обиде задутре да стигне до првите бодови во новата сезона од Лигата на шампионите. Ракометарите на Лино Червар гостуваат во Брест кај Мешков, натпревар од кој многу може да зависи конечниот пласман на „металурзите“ во групната фаза.

Пикерот Ванчо Димовски изјави дека само со стопроцентно залагање ќе може да се стигне до целта.

- До­бро го поз­на­ва­ме на­ши­от сле­ден про­тив­ник во ЛШ. Ни претстои уште ед­на те­шка за­да­ча, во ко­ја ќе тре­ба ма­кси­мал­но да се вло­жи­ме за да ос­тва­ри­ме по­зи­ти­вен ре­зул­тат. Со елиминаци­ја­та на Та­тран Прешов во ква­ли­фи­ка­ци­и­те, Ме­шков Брест сезонава најави сери­оз­ни ам­би­ции во елитното натпреварување. Нат­пре­ва­ри­те од груп­на­та фа­за ќе би­дат мно­гу раз­лич­ни од натпре­ва­ри­те од Ре­ги­о­нал­на­та ли­га - СЕХА. Има­ме уште два де­на за ана­ли­за на нив­на­та игра и за под­го­то­вка на на­ша стра­те­ги­ја, која се на­де­ва­ме де­ка ќе ни ја до­не­се пр­ва­та по­бе­да се­зо­на­ва, изјави Димовски за веб страната на клубот.

Натпреварот Брест Мешков – Металург ќе се одигра в сабота во Брест со почеток во 17 часот по македонско време.

 И македонскиот и белорускиот шампион во 1.коло загубија. Металург беше поразен дома од ПСЖ со 22:27, додека Брест Мешков загуби од Ла Риоха на гостински терен со 39:31.

 

02.10.2014 - 15:42

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега