СДСМ ликува и навива за губење на препораката од ЕК
Според информациите кои ги објави вчера Алфа телевизија , Македонија најверојатно ќе ја изгуби препораката од Европската комисија, поради бојкотот на Парламентот од страна на СДСМ.
Денес на прес- конференција Претседателката на комисијата на СДСМ за евроинтеграции Лидија Димова ја обвини власта дека таа е виновна за евентуалното губење на препораката и власта ја стави на тапет. Ниту еднаш Лидија Димова не спомена дека бојкотот на Парламентот од страна на СДСМ е главната причина за тоа, пренесе Курир.
Одговарајќи на новинарско прашање Дали смета дека доколку Македонија ја изгуби препораката, тоа ќе биде шлаканица за власта, Лидија Димова одговори:
- За жал шлаканицата нема да биде за власта, туку за сите граѓани на РМ и тоа ќе биде најмалата трагедија што власта ќе бида таа која ќе биде ставена на тапет.
Повикувајќи се на дипломатски извори, ТВ Алфа вчера објави дека се води голема битка во рамките на Комисијата, уште во нацрт-извештајот што во моментов се подготвува да биде целосно повлечена препораката, која инаку Македонија ја добива пет години по ред.
Причина, според дипломатите, сега не е само спорот со името и притисокот од Грција, туку тоа е цехот што ќе треба да го плати државата поради бојкот на опозицијата на Парламентот и целосното отсуство на политички дијалог.
Доколку оваа најава се оствари, и препораката навистина биде повлечена и во официјалниот извештај што треба да биде објавен на 8 октомври, тоа ќе биде сериозен удар врз угледот на Македонија, не само во рамките на Европската унија, туку и пошироко. Може да има сериозни последици врз сите процеси во државата, пред сѐ врз економијата.
- Потребата од партиципација на опозицијата во процесите во државата, првенствено во работата на Парламентот, е многу поважна од која било реформа во судството или во образованието - вели дипломатскиот извор на „Алфа“.
Западните дипломати веќе подолго време ги искажуваат своите критики за одлуката на СДСМ за бојкот и неколку пати апелираа тие да се вратат и да почнат дијалог со власта, но очигледно засега никој не ги сфати сериозно овие пораки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа