Гашиќ: Србија останува воено неутрална

Братислав Гашиќ српскиот министер за одбрана  денеска повтори дека Србија и нејзината армија остануваат воено неутрални. 

Тој, одговарајќи на новинарски прашања како ги коментира критиките на најавата за потпишување на Индивидуалниот акциски план за партнерство, во рамки на Партнерството за мир меѓу Србија и НАТО, истакна дека тоа претставува најголем облик на соработка со оваа организација, а не членство во неа.

- Тоа се истите оние кои во 2006 година ги потпишаа сите договори со НАТО, а сега го критикуваат нашиот однос. Србија, Министерството за одбрана, Армијата и Владата апсолутно се придржуваат кон договорените обврски од претходниот период, кога е потпишано Партнерството за мир со Алијансата, нагласи Гашиќ.

Гашиќ додаде дека српската војска и Министерството за одбрана се воено неутрални, но дека имаат свои пријатели и на исток и на запад. 

 

 

30.09.2014 - 14:29

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега