Франција под вода

Властите во Франција денеска прогласија вонредна ситуација во околу 60 јужни градови, зафатени од поројни дождови и поплави. 

Градот Монпеље се наоѓа под вода, а исто така и голем број патишта и железници се поплавени.

Повеќе од 4.000 луѓе ширум регионот Лангдок Русијон ја минале ноќта во прифатни центри и училишта, а голем број луѓе останале блокирани на аеродромите и железничките станици.

Спасувачките екипи извршиле над 1.200 интервенции на терен, поддржани од три хеликоптери. 

30.09.2014 - 14:05

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега