Рафаел Надал успешно се врати на терените

Рафаел Надал шпанскиот тенисер успешно се врати на терените по тримесечното отсуство поради повредата на дланката. Шпанецот денеска на АТП турнирот во Пекинг го победи Ришар Гаске од Франција со 2-0 во сетови.

Првиот сет беше понеизвесен и заврши со четири добиени сета за францускиот тенисер, додека во вториот сет Надал беше успешен и не му препушти ниту еден гем на противникот.

До пред овој меч, Надал последен пат играл во Хале кога загуби од домашниот тенисер, Германецот Дастин Браун.

Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 3,7 милиони долари.

Од фаворитите претпладнево победа забележаа и Новак Џоковиќ, Томаж Бердих и Џон Изнер.

 

 

 

30.09.2014 - 12:58

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега