Питер Крауч со гол во 15.минута го порази Њукасл

Екипата  на Стоук синоќа во последниот натпревар од  6.коло го совлада Њукасл со 1:0 со што ја оствари првата домашна победа, каде единстевениот стрелец на гол беше Питер Крауч во 15. минута.

Стоук со овој триумф се проби на 11. место на табелата со вкупно 8 бодови.

За Њукасл ова беше трет пораз и остана на претпоследното место со ист број бодови (3) како и последниот Барнли.

Новиот пораз го зголеми притисокот за менаџерот на Њукасл, Алан Пердју и можно е во следните денови да добие и отказ од менаџерската позиција. Неговата екипа на 25 лигашки натпревари во 2014 година има само пет победи.

Табела: Челзи 16 бодови, Саутемптон 13, Манчестер Сити 11, Арсенал 10, Свонси 10, Астон Вила 10,... 

 

 

 

 

30.09.2014 - 10:30

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега