Кога Русите се шегуваат: Ало Баерн, има пожар во хотелот (ФОТО)

Експедицијата на Баерн Минхен доживеа несекојдневна ситуација во Москва, каде вечерва ќе го одигра вториот меч од групната фаза во Лигата на шампионите против ЦСКА. Во хотелот во кој се сместени Баварците, во недела вечерта се огласил алармот за пожар.

Следувала евакуација, но се покажало дека некој само сакал да предизвика паника кај фудбалерите на германскиот шампион, кои еден час поминале на улица.

Пеп Гвардиола и неговите играчи не им се налутиле на Русите за оваа шега, туку напротив добро се забавувале пред хотелот за што сведочат и фотографиите објавени на социјалните мрежи.

 

30.09.2014 - 10:51

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега