Расчистен „мега“ грабежот во општина Центар - Жерновски може да биде мирен

„Мега“ грабежот во скопската општина Центар доби свој епилог. Полицијата уапси три лица кои пред неколку недели провалија во општиснакта зграда. И додека општината се плашеше дека и се украдени купови документи, истрагата покажува дека крадците однеле два рутери и 6 кабли како и еден „џек“ за приклучување видео бим.
Интерсно е што станува збор за крадци кои и се познати на полицијата. Тие се одговорни за стотици кражби низ Скопје.
ИНтересно е што Жерновски во свој стил, веднаш по „грабежот“ се обиде да изглуми жртва во јавнсота. Неговата општина пишуваше соопштенија и „стравуваше“ дека се украдени торби со документи.

„„Би сакал да биде обичен грабеж, но сето ова остава простор за сериозно сомневање дали се работи за обичен грабеж. Интересно е дека од сите општини само во општина Центар се случуваат вакви работи“, рече по кражбата градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Како првоосмничен за кражбата во Центар полицијатаго води извесен Асан Кемал кој заедно со уште две лица ги украл двата рутери.
Јавноста со право е „загрижена“ поради штетата што оваа кражба му ја направи на општинскиот буџет и „стравува“ во иднина да не се повторат вакви ситуации кои на Жерновски ќе му остават „простор за сериозно соменвање“ дека се работи за обичен грабеж.

30.09.2014 - 10:30

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега