ВИДЕО: Повеќе од 36 загинати во ерупцијата на вулкан во Јапонија

Пет безживотни тела денеска се пронајдени во близина на кратерот на вулканот Онтаке во Јапонија, кој еруптираше в саботата додека на планината имаше голем број планинари и туристи.

Се претпоставува дека бројот на жртвите се искачи на 36. Вчера е потврдена смртта на четири лица, а пронајдени се 31 човек во критична состојба.

Повеќе од 1.100 пожарникари, полицајци и војници денеска повторно се во потрага на преживеани во обид да спасат десетина планинари за кои се претпоставува дека се заробени на планината, откако вулканот почна да исфрла пепел, камења и пареа. Спасувачката операција вчера беше стопирана поради ширење на отровен гас.

Локалната власт на префектурата Нагано соопшти дека вкупно 45 луѓе се водат како исчезнати, а над 40 планинари биле принудени да побараат засолниште во планинарските домови во текот на ноќта поради слаба видливост.

Вулканот еруптираше во саботата и исфрлаше густ бел чад и пепел до 10 километри во висина. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека вулканот и понатаму е активен.

29.09.2014 - 11:04

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега