Проeктот „Сите сме еднакви“ во општина Теарце

Проектот „Сите сме еднакви“на 25-ти септември се релизираше во Општина Теарце. 

 

Децата од основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, како дел од кампањата што ја спроведува невладината организација ОХО, го промовираа концепот „Почитување и различност во мултиетничко општество.“ На настанот учество земаа преку 100 ученици од училиштето, кои ги покажаа своите познавања на македонските, албанските и турските ора, а свиреа и на различни традиционални инструменти како тапан и чифтелија. 

Проектот е поддржан од Амбасадата на Велика Британија во Македонија, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на Република Македонија. Проектот ги надополнува училишните активности и  наставните планови и програми со воннаставен модел, кој се состои од интерактивни и интердисциплинарни теми, како што се владеење на правото, основни човекови права и различности. 

Целта на проектот е промовирање на меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска на учениците во 21 основно училиште во Република Македонија. 

На настанот присуствуваше и говореше британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Едмунд Гарет и раководителот на одделението за образование и наука при Општина Теарце, Мухамед Реџпети.

29.09.2014 - 11:08

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега