Одиграно првото коло од ракометната Лига на шампионите

Со натпреварите одиграни синоќа беше комплетирано првото коло од ракометната Лига на шампионите. Македонските претставници постигнаа една победа Вардар (над Цеље) и еден пораз Металург (од ПСЖ).

Изненадување во првото коло се поразите на германските екипи Флензбург и Кил.

Кирил Лазаров за Барселона постигна 6 голови против шведската екипа Алингсас.

Резултати од првото коло:

А група: Металург – ПСЖ 22:27, ППД Загреб – Кил 27:25, Ла Риоха – Мешков Брест 39:31.

Б група: Висла – Бешикташ 28:19, Колдинг – Флензбург 35:21, Алингсас – Барселона 28:38.

Ц група: Чеховски Медведи – Веспрем 32:37, Цеље – Вардар 26:27, Рајн Некар Ловен – Монпеље 35:24.

Д група: Кадетен Шафхаузен – Киелце 28:33, Данкерк – Алборг 21:26, ПИК Сегед – Мотор Запорожје 27:26. 

 

 

29.09.2014 - 09:16

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега