Синдикалците се придружија на протестите во Турција - бараат оставка од Ердоган
Илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Таксим во Истанбул на повик на турските синдикати.
Демонстрантите вееја црвени и бели знамиња и бараа оставка од премиерот Реџеп Таип Ердоган. Тие извикуваа пароли „Таксим, држи се, работниците доаѓаат“ и „Таип поднеси оставка“.
Најмалку 10.000 луѓе денеска протестираа во Анкара и носеа беџови со ликот на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.
- Првично планиравме да стапиме во штрајк на 5 јуни со барање за зголемување на безбедносните услови при работа и за зголемување на платите. Поради протестите го сменивме датумот и се приклучуваме на демонстрантите. Како дополнување на првичните барања, протестираме и против политиката на владејачката Партија на правдата и развојот, изјави вчера претставник на КЕСК.